„Големиот транспорт“ (српскохрватски: Велики транспорт) — југословенски филм од 1983 година, во режија на Вељко Булајиќ. Главните улоги ги играат: Хелмут Бергер, Велимир Бата Живоиновиќ, Драгана Варагиќ, Звонко Лепетиќ итн. Филмот е снимен според вистинити настани од Втората светска војна, кога Главниот штаб на народноослободителната војска на Војводина одлучил на партизанските бригади во Босна да им испрати нови борци, храна и санитетски материјалРТС, Велики транспорт (пристапено на 23.4.2021)

Синопсис Пролетта 1943 година, главниот штаб на партизанските единици во Војводина одлучува на партизанската војска во Босна да ѝ испрати борци, храна и санитетски материјал. Така, низ големата низина во Војводина, низ обрачи и заседи, преку реките и железничките пруги, тргнува голема колона, наречена „големиот транспорт“. Колоната треба да помине 300 километри низ окупираната територија, соочувајќи се со бројни опасности.

Наводи

Категорија: Филмови со Хелмут Бергер Категорија: Филмови со Драгана Варагиќ Категорија: Филмови со Звонимир Лепетиќ Категорија: Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија: Филмови со Љиљана Благојевиќ Категорија: Филмови со Тихомир Арсиќ Категорија: Филмови со Душан Јаниќијевиќ Категорија: Филмови со Драган Бјелогрлиќ Категорија: Филмови со Миодраг Лончар Категорија: Филмови со Данчо Чевревски Категорија: Филмови на Вељко Булајиќ Категорија: Партизански филмови Категорија: Југословенски филмови Категорија: Филмови од 1983 година Категорија: Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови за Втората светска војна