Ристо Петрушев Стојановски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а подоцна се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Македонија, во ноември 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада. Учествувал во повеќе акции за уништување на балистичките банди. Потоа заминал за Земун, каде завршил тримесечна воено-стручна настава. Бил учесник во пробивот на Сремскиот фронт. На 16 април 1945 година, храбро загинал во битката за ослободување на Врпоље. Бил закопан кај Врпоље, а подоцна посмртните останки му биле пренесени и закопани во родното село Сушица.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ