Трајан Здравков Мицевски ( ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство. На 11 септември 1944 година стапил во Дополнителната бригада, а по ослободувањето на Скопје преминал во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во ноември и декември 1944 година со Бригадата заминал на Косово, каде учествувал во борбите за разоружување и ликвидирање на преостанатите балистички банди. По успешното извршување на овие задачи, стигнал во близината на Белград, каде успешно завршил тримесечна воeнa настава. На 12 април 1945 година учествувал во големата пролетна офанзива на Првата југословенска армија во Срем. При еден јуриш кај Илинци, бил погоден и загинал. Бил закопан на борбената позиција.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ