алт=Russula caerulea|мини|Виолетовокафеава гулапка (Russula caerulea) Виолетовокафеава гулапка (Russula caerulea), попозната како грбница, е член на родот Гулапки, чии членови се познати и како кршливи Гулапка.Таа има боја на темно вино или виолетова боја печурката е за јадење и расте со четинари дрвја на крајот на летото и есента. Ја има во Европа и Северна Америка.
Таксономија Првпат опишана од микологот Кристијан Хендрик Персон во своето дело „Synopsis methodica fungorum“ од 1801 година како „Agaricus caeruleus“, неговиот специфичен епитет е латински caeruleus што значи „сино“. Тој бил пренесен во родот Гулапка во 1838 година од шведскиот татко на микологија Елиас Магнус Фрис. Името Russula amara од Кужера во 1927 година е синоним.
Опис Шапката е 3 - 10 см во пречник. Таа е темнопурпурно-кафеава, со темен, понекогаш скоро црн центар. Отпрвин е конвексена, па дури и скоро во форма на звонче, но подоцна се израмнува. Речиси секогаш го задржува широкиот зашилен врв во центарот на шапката, по што е гулапка скоро единствена во родот. Кожата на шапката се лупи до две третини, а подоцна има заоблена маргина. Цврстата, бела дршка е 4-9 см висока, 1-2 см широка и со тесен облик на тојага. Жабрите се спојуваат и се скоро споени со бледо окер боја, давајќи отпечаток на спорите во иста боја. Првично се доста тесно распоредени. Месото е бело и има благ вкус, но кожата на шапката е горчлива на јазикот.
Слични видови Темновиолетова гулапка (Krombh.) Расте ретко со четинари, претпочита листопадни шуми. Нејзината шапка никогаш не е испакната, таа обично е вдлабната.
И Russula viscida Kudrna нема испакнатост и е многу ретка. Кожичката на шапката воопшто не се лупи.
Распространетост и живеалиште Виолетовокафеава гулапка (Russula caerulea) се појавува кон крајот на летото и есента. Распространета е во северните умерени зони, Европа, Азија и Северна Америка. Веројатно е во микореза со борови дрвја (Бор), на песочни почви.
Јадење Оваа печурка е за јадење, но кожата е горчлива кога ќе ја џвакаме.
Наводи
Категорија:Јадливи габи Категорија:Габи на Македонија Категорија:Гулапка Категорија:Габи на Европа Категорија:Габи на Северна Америка Категорија:Габи на Азија