Сојузот на писатели на Русија () ― творечки сојуз на професионални писатели во Русија. Тој е наследник на Сојузот на писатели на РСФСР, основан во 1958 година. Сојузот на писатели на Русија има 90 ограноци во регионите на Русија и другите земји.

Активности Главните задачи на Сојузот се:

зачувување на единствена културна, книжевна и информативна област во Руската Федерација; помош за зачувување и развој на рускиот јазик и книжевност, како и јазиците и книжевностите на другите народи на повеќенародната Руска Федерација; задоволување на потребите на народите во светот кои сакаат да се приклучат на рускиот јазик и книжевност; создавање услови за реализација на творечките способности на членките на Сојузот и почетните писатели; зајакнување на творечката заедница на писатели на Руската Федерација, како и на други земји во светот; развој на иницијативи за усвојување на државно и регионално ниво на законодавни одлуки за подобрување на домашното издавање книги, превод, наградување на делото на авторите, обезбедување на нив социјална и друга поддршка; организација на акции и настани насочени кон промовирање на достигнувањата на класичната и модерната руска книжевност; грижа за зачувување на книжевното наследство, помош на млади писатели; размена на искуство помеѓу руски писатели и писатели од странски земји.

Претседатели Функцијата претседател на Сојузот на писатели на Русија ја извршувале:

Леонид Соболев (1958-1970) Сергеј Михалков (1970-1990)Сергей Владимирович Михалков. Биографическая справка Јуриј Бондарев (1991-1994) Валериј Ганичев (1994–2018) Николај Иванов (2018)

Поврзано

Список на писатели на руски јазик

Наводи

Надворешни врски

Сојуз на писатели на Русија

Категорија:Руска книжевност Категорија:Советска книжевност Категорија:Појавено во 1958 година