Дамијан Џејмс Ле Бас (роден на 11 мај 1985 година) - британски писател и новинар од Западен Сасекс во Англија, најпознат по својата книга „Постојките: Патување низ циганска Британија“ .

Живот Ле Бас е син на уметниците Дејмијан Ле Бас и Делејн Ле Бас. Тој пораснал во Вортинг, одел во училиштето „Христова болница“ и потоа читал теологија на Светијовановиот колеџ, Оксфорд. Неговата работа како новинар вклучувал уредништво на „Travellers Times“ .

Во 2018 година тој го претставил документарецот на БиБиСи „Многу британска историја: Ромските Цигани“.

Во 2019 година, тој бил дел од панелна дискусија на темата идентитет на алпското друштво.

Библиографија Во 2018 година, Ле Бас го објавил „Постојки: Патување низ циганска Британија“, мешавина од мемоари, патопиштво и истражување на историјата на Ромите во Британија. Во јуни 2018 година, книгата била прикажана на „BBC Radio 4“ како книга на неделата.

Пред нејзиноото објавување, „Постојки“ ја освоила Џервудовата наградата во 2016 година која ги поддржува авторите што го пишуваат своето прво големо нарачано нефантастично дело.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Британски Роми Категорија:Британски писатели