„Џеронимо“ е француски драмски филм од 2014 година, режиран од Тони Гатлиф. Премиерно е прикажан во секцијата за посебните проекции на Филмскиот фестивал во Кан на 20 мај 2014 година. Кратка содржина Џеронимо е млада жена од триесет години, специјализирана воспитачка со интегритет која со години била почитувана од младите луѓе од нејзиното соседство, во град на југот на Франција. Нејзиниот живот се менува кога Нил Терзи, шеснаесетгодишно девојче, успева да побегне од договорениот брак и го пронаоѓа љубовникот Лука Молина. Нивниот подвиг ќе го запали огнот помеѓу семејствата на двајцата љубовници од турска емиграција во светот на Ромите, а Џеронимо ќе биде единствена која ќе сака да се бори да го запре лудилото кое се случува.

Наводи

Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови од 2014 година Категорија:Филмови на Тони Гатлиф Категорија:Филмови со Селин Салет