Горан Паскаљевиќ (, — , ) – српски филмски режисер, сценарист и продуцент.

Кариера Дипломирал на Факултетот за филм и телевизија на Академијата за сценски уметности () во Прага. Режирал многу документарни филмови и ТВ-драми за ТВ Белград, а првиот долгометражен филм — Чувар на плажата во зимски период, го снимил во 1976 година. Неговото дело брои 30 документарни и 13 играни филмови.

Во текот на април 2016 година, во Виена била одржана ретроспектива на неговите филмови.Ретроспектива филмова Горана Паскаљевића у Бечу (Б92, 1. април 2016)

Починал на 25 септември 2020 година во Париз.Преминуо Горан Паскаљевић После кремирањето во Париз на гробиштата Пер Лашез неговите посмртни останки, на 10 октомври биле пренесени во Белград на „Ново гробље“.Комеморација поводом смрти редитеља Горана Паскаљевића у Кинотеци (Б92, 10. октобар 2020)

Награди и признанија Добитник е на многу престижни награди: Награда од критичарите за најдобар европски филм во 1998 година за Буре барут; Награда од критичарите во Сан Себастијан во 1990 година за Време на чуда. Магазинот Варајати (Variety), во 2001 година го рангирал во петте најдобри режисери на година (покрај Ласе Халстром, Нил Џордан, Стивен Содерберг и Едвард Јанг). Тој е првиот филмски режисер кој во 2002 година во Минхен ја добил наградата „Бернард Вики Мост“ за хуманизам во своите дела. Во ноември 2007 година, Паскаљевиќ бил одликуван со францускиот Орден за уметност и книжевност кој свечено му е врачен на 9 мај 2008 година во Белград.

Не го заобиколувале ниту наградите на домашните фестивали на играни филмови: Голема бронзена арена за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Пула, за играниот филм Земските денови течат, во 1979 година. Најголемо признание на Југословенската кинотека Златен печат, во 2019 година. Лесковачки меѓународен фестивал за филмска режија LIFFE 2020: Награда Живојин Жика Павловиќ за афирмација на регионалната филмска уметност во светот, во 2020 година.ПАСКАЉЕВИЋУ ЖИКА ПАВЛОВИЋ: Велика ми је част, учио сам из његових дела („Вечерње новости”, 2. септембар 2020)ПОСЛЕДЊУ НАГРАДУ ДОБИО ПОЛА САТА ПРЕ СМРТИ: Необичан след судбине - о њему је Паскаљевић посебно лепо говорио („Вечерње новости”, 25. септембар 2020)

Филмски режии Година Име на филмот 1970-ти1972 Легенда за лапота1973 Слуга1976 Чувар на плажа во зимски период1977 Кучето што ги сакаше возовите1979 Земските денови течат 1980-ти1980 Посебен третман1982 Самрак1984 Лажливо лето '681987 Ангел чувар1989 Време на чуда 1990-ти1992 Танго аргентино1995 Туѓа Америка1998 Буре барут 2000-ти2002 Како Хари стана дрво2004 Сон на зимската ноќ2006 Оптимисти2009 Меден месец 2010-ти2012 Кога ќе осамне ден2016 Земја на боговите2019 И покрај маглата

Филмски сценарија Година Име на филмот1973 Слуга1979 Земските денови течат1982 Самрак1987 Ангел чувар1989 Време на чуда1998 Буре барут

Наводи

Надворешни врски

Горан Паскаљевић добитник награде „Сергеј Бондарчук“ („Политика“, 26. мај 2011) Горан Паскаљевић: Читав свет је данас у страху („Вечерње новости”, 4. септембар 2016) Тамо где земља љуби небо („Политика”, 5. март 2017) Европа све мање прихвата различитост - интервју („Политика”, 4. март 2020) Преминуо Горан Паскаљевић (РТС, 25. септембар 2020) Преминуо Горан Паскаљевић („Политика”, 25. септембар 2020) Сећање на Горана Паскаљевића – човек који је умео да воли („Политика”, 25. септембар 2020)

Категорија:Српски режисери Категорија:Српски сценаристи Категорија:Српски филмски продуценти Категорија:Југословенски режисери Категорија:Југословенски сценаристи Категорија:Добитници на наградата Златна арена за најдобра режија