Свети Ѓорѓи — главна селска црква во светиниколското село Амзабегово, Македонија.

Црквата се наоѓа над селото, на рид од кој се пружа одличен поглед на самото село.

Местоположба

Црквата е подигната на местото каде во 1930 бил изграден селски крст, сместен помеѓу македонски и поранешните турски гробишта.

Историја

Црквата била изградена во 1982 година и истата година била осветена од епископот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички г. Горазд.

Галерија

Поврзано Штипско архијерејско намесништво Втора светиниколска парохија Амзабегово

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Амзабегово Амзабегово