Венцеслав Кафеџиски (, ) – македонски универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Животопис Венцеслав Кафеџиски е роден во Скопје во 1958 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје, тој дипломирал во 1982 и магистрирал во 1989 година, а докторирал на Државниот Универзитет на Аризона, Темпе, Соединетите Држави во 2000 година. Од 1983 до 1990 година, тој бил вработен на Електротехничкиот факултет во Скопје како асистент, а во периодот 1990-2000 година престојувал на Државниот универзитет на Аризона во Темпи. Во 2001 година, тој се вработил на Електротехничкиот факултет во Скопје како доцент. Во 2005 година, тој бил избран во звањето вонреден професор, а во 2010 година во звањето редовен професор. Од 2001 година предава поголем број на предмети од областа на дигитални комуникации, безжични комуникации, обработка на сигнали и теорија на информации. Тој бил координатор на студиската програма на магистерски студии Безжични и мобилни комуникации и на новата студиска програма на магистерски студии Безжични системи, сервиси и апликации. Тој бил раководител на лабораторијата за обработка на сигнали во телекомуникациите.
Автор е на повеќе од 80 научни публикации, публикувани во престижни меѓународни списанија и зборници од конференции од областите на безжични комуникации, теорија на информации и обработка на сигналите. Бил рецензент за престижните списанија IEEE Transactions on Information Theory, IEEE Transactions on Wireless Communications, IEEE Transactions on Vehicular Technology, IEEE Communications Letters.
Учествувал во повеќе научни, применливи и Темпус проекти. Бил корисник на Темпус грантови за поединечна подвижност во 2003 и 2004 година на Политехничкиот универзитет во Торино, Италија и на Институтот Еуреком, Франција. Во рамките на активностите на Темпус проектот „Master Studies in DSP Based on Blended Learning Approach“, тој престојувал на Универзитетот во Марибор во летото 2008 година. Од 1 април 2012 до 31 август 2012 година, тој престојувал на Институтот Јожеф Штефан во Љубљана, Словенија како посетувачки истражувач. Од 1.06.2013 до 31.08.2013 година, тој престојувал на Институтот за теоретска информациска технологија при RWTH универзитетот во Ахен, Германија, а од 1.05.2016 до 31.07.2016 година, тој престојувал на Институтот за телекомуникациски системи при Факултетот за електротехника и информатика на Техничкиот универзитет во Берлин. Во 2006 година, тој претседавал со работната група на Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија, која подготвила два документи за воведување на WiMAX во Република Македонија. Во 2007 и 2008 година учествувал во работните групи кои ги подготвиле документите „Национална стратегија за развој на електронските комуникации“ и „Национална стратегија за широкопојасен интернет“. Бил поканет предавач на 4 работилници организирани од Меѓународната унија за телекомуникации (ITU) со меѓународно учество од меѓународни регулаторни тела, академијата и индустријата, предавајќи за WiMAX, LTE, влијание на широкопојасниот пренос на медиумите и техники за мерење на спектарот. Бил член на Одборот на ЕТАИ од 2004 до 2008 година. Во 2008 година, тој станал претседател на Техничкиот комитет за електронски комуникации при Институтот за стандардизација на Република Македонија. Тој е постар член на IEEE и организатор на Одделот за теорија на информации при Македонската секција на IEEE. Во мандатните периоди 2012-2013, 2014-2015 и 2018-2019 година, тој бил и претседател на овој оддел.
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Професори на ФЕИТ