Ден (англиски: поранешен The Den) или Новиот Ден (англиски: поранешен The New Den) како што претходно бил познат — фудбалски стадион во Бермондси, југоисточен Лондон, Англија. Стадионот претставува дом на фудбалскиот клуб Милвол, кој на него ги игра својте домашни натпревари. Стадионот се наоѓа во непосредна близина на железничката пруга во Јужен Лондон, и престставува наследник на стариот Ден, претходниот стадион на кој домаќин бил Милвол, кој го заменил во 1993 година.
Стадионот има вкупен капацитет од 20.146, иако тоа е ограничено на приближно 18.100 за да се овозможи раздвојување на навивачите и мерки за безбедност на толпата. Најголемата посетеност на стадионот регистрирана за време на сезоната 2018-2019 била 17.195 гледачи.
Новиот Ден е шестиот стадион што Милвол го окупирал од нивното основање во Милвол во областа позната како Островот на кучињата во 1885 година. Претходните терени биле Гленгал Роуд (1885-1886), Лор Нелсон Грунд (1886–1890), Атлетик Граунд (1890–1901), Норт Гринич (1901–1910) и стариот Ден (1910–1993).
Трибини На 20 јануари 2011 година источната трибина на Ден била преименувана во „Докерс стенд“, оддавајќи почит на раната историја на Милвол и поддржувачите на пристаништата на Темза.The Dockers stand Јужната трибина е позната под името Колд Блоу Лејн, што било името на патот кој водел до стариот Ден. Северната трибина е резервирана за гостинските приврзаници, а западната трибина била преименувана во Бари Киченер стенд, наречена по играчот со најдолг стаж во дресот на Милвол.
Наводи
Надворешни врски
Матична страна на ФК Милвол Ден на Football Ground Guide Галерија со слики на Ден на londonfootballguide.com
Категорија:Фудбалски стадиони во Англија Категорија:ФК Милвол Категорија:Стадиони во Европа