Pachyprotasis nigronotata е палеарктички вид на растителна оса.
Живеалиште Географската распространетост на оваа оса е: Средна и Северна Европа и Сибир. Се среќава и во Македонија.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 217
Биологија Возрасните единки достигнуваат должина од 7-9 милиметри. Главата им е зелена со помала црна дамка околу оцелите, антените се од горната страна црни. Градите се зелени, со триаголна црна дамка. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата се светлозелени. Абдоменот е наполно зелен. Нозете се зелени, со црни линии на задниот дел.
Ларвите достигнуваат должина од 14 мм, телото им е зеленикаво од горе со темни и надолжни пруги. Тие се развиваат во текот на јули.
Наводи
Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Растителни оси