мини|„Историја на Османската династија“ (Tevārīḫ-i Āl-i ʿOsmān) Ашик-паша Заде (1400 - 1484) ― најзначаен меѓу старите турски хроничари (историчари). Самиот себеси се именувал како дервиш Ахмед Ашики или само како Ашики.
Ја напишал книгата „Историја на Османската династија“ (Tevārīḫ-i Āl-i ʿOsmān), позната и како „Историја на Ашик-паша Зеде“. Во неа се опишани настани заклучно со 908 година по хиџра (1502/3 година). Авторот пишувал врз основа на личното паметење на настаните во кои, посредно или непосредно и смаиот учествувал како и врз основа на она што други му раскажувале, а веројатно ползувал и некои пишани извори. Хрониката е напишана на говорен јазик на истанбулските Турци од 15 век.
Наводи
Категорија:Родени во 1400 година Категорија:Починати во 1484 година