Аденовируси (членови на фамилијата Adenoviridae) — вируси со средна големина (90–100 nm), без надворешна липидна обвивка со икосоедарска форма на нуклеокапсидот кои содржат двојно-верижна ДНК. Името го добиле по тоа што првично биле изолирани од хуманите аденоиди во 1953.
Голем број на рбетници се нивни домаќини; кај луѓето повеќе од 50 различни аденовирусни серотипови предизвикуваат широк опсег на заболувања, од полесни респираторни инфекции кај децата до живото-загрозувачки мултиоргански болести кај луѓе со имунодефициенција.
Наводи
Категорија:Вируси Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ