Технички факултет - Битола – еден од факултетите при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во Битола.

Историја Почетоците на факултетот датираат од 1961 година кога била формирана Вишата техничка школа со два отсеци во нејзиниот состав: машински и електротехнички. Во 1972 година почнал со работа и трет отсек, отсекот за сообраќај и транспорт, кој е единствен од таков вид во Република Македонија. Во 1977 година Вишата техничка школа прераснала во Технички факултет.

Наставен кадар

Денес наставниот кадар на Техничкиот факултет го сочинуваат, 21 редовен професор, 14 вонредни, 9 доценти и 14 асистенти и 2 помлади асистенти и голем број на ангажирани професори и соработници од земјата и странство.

Просторни можности

Техничкиот факултет располага со 30 училници за користење на видео презентации, еден амфитеатар и свечена сала, библиотека. Факултетот располага и со следните лаборатории: за термотехника; за физика; за испитување на машински материјали и конструкции; за мотори со внатрешно согорување и моторни возила; за електротехника; за електрични машини; сметачки центар со 6 училници, како и училница со современа мултимедијална и интернет опрема.

Наводи

Категорија:Појавено во 1977 година во Македонија Категорија:Факултети во Битола