590 Григориј I станува папа. 1650 Трета англиска граѓанска војна: Битка кај Данбар 1651 Трета англиска граѓанска војна: Вустерска битка - Чарлс II е поразен во последната главна битка во војната. 1783 Американска револуционерна војна: Војната завршува со потпишувањето на т.н. Париски договор од страна на САД и Кралството на Велика Британија. 1855 Индијански војни: Во Небраска, 700 војници под раководство на Американскиот Генерал Вилијам С. Харни се одмаздуваат за Гратан Масакарот со напаѓање на Индјанско село, убивајќи 100 мажи, жени, и деца. 1892 Англискиот фудбалски клуб Нотингем Форест го одигра својот прв натпревар во лигата против ФК Евертон. 1901 На патот од Банско за Симитли, кај месноста Потпрена скала, четниците на Јане Сандански и Христо Чернопеев ја киднапирале протестантската мисионерка Мис Елен Стоун и нејзината придружничка Катерина Стефанова - Цилка. 1933 Во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“, весник на македонската емиграција, кој ја поддржувал идејата за балканска федерација. 1939 Започнала Втората светска војна, со објавувањето на војна од страна на Франција, Обединетото Кралство, Нов Зеланд и Австралија против Германија по инвазијата на Полска. 1943 Во Сиракуза, Италија потпишано е примирје меѓу сојузниците и италијанската Влада на маршал Бадољо. Пет дена подоцна, Италија капитулира. 1967 Шведска ја менува страната на возење од лево на десно. 1971 Катар добива независност од Обединетото Кралство. За разлика од другите емирати, Катар одбива да стане дел на Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија. 1976 Програм „Викинг“: Вселенското летало „Викинг 2“ слетува кај Утопија Планитија на Марс. 1995 Основана е фирмата eBay. 1997 Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија пристигна природниот гас.
3 септември