мини|Министерство за природни ресурси и екологија на Руската Федерација (Министерство за природни ресурси на Русија) мини|Зграда на руското Министерство за природни ресурси во Москва Министерство за природни ресурси и животна средина на Руската Федерација е владина агенција која е во состав на Кабинетот на Русија. Ова министерство има обврска да управува со природните ресурси на земјата и да ја штити нејзината животната средина. Прв министер бил Јуриј Трутнев.
Сегашен министер е Дмитриј Кобилкин кој бил поставен во мај 2018 година.
Историја Предок на Министерството за природни ресурси и животна средина била државната служба за рударство и геологија кој ја основал Петар Велики на 2 октомври 1700 година. Откако се распаднал Советскиот Сојуз, на 14 август 1996 биле создадени Министерството за животна средина и Министерството за природни ресурси. Тие биле споени за да се формира Министерството за природни ресурси и животна средина на 28 мај 2008 година.
Активности Министерството за природни ресурси и животна средина е одговорно за да создава и спроведува политики и регулативи кои се однесуваат на животната средина, исто така и зачувување, регенерација, шумарство и заштита на дивиот свет.Министерството е одговорно и за истражување, управување и зачувување на природните ресурси на земјата,како и управување со водоснабдувањето, развој на минерални наоѓалишта и истражување на територијата на земјата и континенталниот праг. Задолжено е и за регулирање на индустриската и енергетската безбедност и треба да ги следи сите геолошки и земјотресни активности,како и развојот на државната полиција и законската регулатива во шумарството.
Одделенија
Федералната служба за надзор на природните ресурси (Ръководител Светлана Генадиевна Радионова) Федерална агенција за употреба на подземје Федерална агенција за водни ресурси Федерална служба за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина Федерална агенција за шумарство
Наводи
Категорија:Природа на Русија Категорија:Министерства за животна средина Категорија:Министерства на Русија Категорија:Економија на Русија Категорија:Координати кои не се на Википодатоците