Конаково ( ) е град на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација. Сместен е во југоисточниот дел на Тверската област и е административен центар на Конаковскиот реон. мини|Мостот преку реката Донховка во Конаково Според проценките на Националната статистичка служба, во градот во 2014 година живееле 41 434 жители или 42 113 жители во поширокото градско подрачје.

Географија Градот Конаково се наоѓа во југоисточниот дел на Тверската област во строгиот центар на Конаковскиот реон, на ниско и релативно рамно низинско подрачје познато како Горноволшка низина. Лежи на десниот брег на Волга, односно на вештачката Ивањковска акумулација, на местото каде што реката Донховка се влева во езерото, на надморска височина од 124 метри. Тоа е околу 82 километри југоисточно од административниот центар на градот Твер .

Историја Претходник на модерната населба Конаково бил имотот, а потоа и селото Кузнецово, основано во 1806 година. Поинтензивниот развој и напредок на селото се случил по отворањето на фабриката за производство на керамички фајанс во 1826 година. Фабриката која 1809 година основана од Фридрих Бринер, првично била лоцираан во селото Домкино, на околу 20 километри источно, била преместена во Кузнецово поради поголема потреба од работници. За кратко време, фабриката стана една од најпознатите производствени погони за производство на уметничка керамика во тој дел на Русија.

Населбата во 1929 година го сменила своето име во Конаково, во чест на револуционерот Порфириј Конаков (1878–1906), учесник во револуцијата во 1905 година кој живеел во таа населба некое време.

Селото во 1925 година е административно уредено како мало гратче, а административниот статус на град го носи од 1937 година.

По изградбата на Конаковската термоелектрана во источниот дел на градот во 1965 година, Конаково стана еден од најважните електроенергетски центри во Терската област.

Во април 2007 година беа усвоени официјалните градски симболи - грбот и знамето.

Демографија Според податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 41 291 жител, додека според проценките за 2014 година градот имал 41 234 жители во поширокото градско подрачје, што зафаќа површина од 39,03 км², имало вкупно 42 113 жители во исто време. +1939 година1959 година1970 година1979 година1989 година2002 година2010 година2014 година11 94913 70529 54536 82842 52242 33541 29141 234 Белешка: * според проценката на Националната статистичка служба на Русија.

Поврзано

Тверска област Конаковски реон Список на градови во Русија Ивањковско Езеро Термоцентрала Конаково

Користена литература

Надворешни врски

Официјална страница на регионот Конаково Подетална мапа на градот Национална енциклопедија на градови и региони на Русија: градот Конаково

Категорија:Градови во Русија Категорија:Градови на Волга Категорија:Градови во Тверската област Категорија:Преименувани населени места во Русија Категорија:Населени места основани во 1806 година