Нулопа (самоански: Nuulopa) е мал ненаселен остров во Самоа.
Опис Островот не е населен. Нулопа се наоѓа во протокот Аполима, помеѓу малите острови Маноно и Аполима, кои пак се помеѓу поголемите острови Саваи и Уполу. Административно, островчето е дел од округот Аига-и-ле-Таи.
Надморската висина на островот е околу 50 метри. Островчето е со густа шума, кокосови палми. Островот и околната вода се конзервациска (заштитена) област. Manono, Apolima and Nuulopa Cultural Landscape, Unesco. Retrieved 25 October 2009 Традиционално, островчето се користело како гробно место за поглавиците на островот Маноно.
Галерија
Поврзано Самоа Уполу Маноно
Наводи
Категорија:Острови на Самоа