Академија на ликовна уметност () е американски трилер филм од 2017 година во режија на Наталија Леите, а по сценарио на Леа МекКендрик. Улогите ги толкуваат Франческа Иствуд, Клифтон Колинс јуниор, Леа МекКендрик, Питер Вак, Дејвид Хјујн, Марлон Јанг, Дејвид Саливан, Мајкл Велч и Мајк Менинг. Филмот бил објавен на 13 октомври 2017 година, од Dark Sky Films.

Содржина Ноел, студентка на академијата за ликовна уметност во Калифорнија, прифаќа покана за забава од згоден соученик кој и се допаѓа, за потоа тој да ја одвлечка во неговата соба каде што ќе ја силува. Следната вечер Ноел се соочува со силувачот и во момент на бес, случајно го убива. Но, на нејзино изненадување, неочекуваниот бран на инспирација постепено ќе ги разгори и нејзиниот застоен уметнички израз и нејзината жед за одмазда кон оние кои силувале невини жени и ги уништиле нивните животи. Сега, Ноел станува безмилосен буден човек кој го користи својот новооткриен сексапил за да и служи на својата кауза. Кога го напаѓа човекот кој многу години порано ја силувал нејзината цимерка Скај, таа е откриена од Скај, а подоцна и од полицијата. На крајот, по церемонијата на која таа добива диплома за магистер по ликовна уметност и држи говор, таа е уапсена.

Улоги Франческа Иствуд како Ноел Клифтон Колинс јр. како Кенеди Леа МекКендрик како Скај Питер Вак како Лук Дејвид Хујн како Шејн Марлон Јанг како Проф. Руд Дејвид Саливен како Кавана Мајкл Велч како Мејсон Мајк Менинг како Џеремаја Ендрју Колдвел како Рајдер Кајлер Петис како Конор

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Трилер филмови од 2017 година Категорија:Американски филмови