Аузо — археолошко наоѓалиште во околината на гевгелиското село Габрово. Претставува населба од доцноантичкото време.

На 2,5 км југоисточно од селото, во нивите на двајца жители се гледаат траги од темели на повеќе градби, а по површината има фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и друг градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 102, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

Градиште — градиште од средниот век; Дедовец — рударска населба од римско време; Кочиње — населба од доцнантичко време; Лалово Трло — населба од доцнантичко време; Селиште — населба од римско време; Стојков Рид — некропола од доцнантичко време; Студенка — населба од доцнантичко време; Габрово.

Наводи

Категорија:Габрово (Гевгелиско)