Друмот I — археолошко наоѓалиште во богданското село Стојаково. Претставува археолошки наод - мост од римско време. На 1,5 км северозападно од селото, на селскиот пат што води на север за Ѓавато и понатаму за Грчиште и Марвинци, а на југ за Араџан, Кукуш и Солун се наоѓа еднолачен мост од кој се гледа само горниот дел - косо поставени аморфни плочести камења.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 114, ISBN 9789989101069

Поврзано Друмот I — Мост од римско време; Друмот II — Мост од римско време; Зад Камен — населба од доцноантичкото време; Кошкут — населба и некропола од доцноантичкото време ; Сред Село — населба од железното време; Шипков Дол — населба од хеленистичкото време и некропола од доцноантичкото време; Стојаково; Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско; Список на средновековни некрополи во Македонија;

Наводи

Категорија:Стојаково