Находка () е град во Русија во Приморска Покраина. Според пописот на население од 2010 година во градот живееле 159.695 жители.

Находски Залив, каде се сместил денешниот град, го открила руската корвета во 1859 година, барајќи засолниште поради бурата која надоаѓала. Според тоа, името на градот Находка на руски јазик означува „откритие“.

До 1950 година, тоа било мало рибарско место. Сето тоа се сменило кога советската влада го сменила статусот на Владивосток, одлучувајќи да има база таму во која ќе биде сместена руска тихоокеанска флота. Владивосток бил затворен за странци и странски бродови. Така, од 1950 до 1991 година, Находка бил главното пристаниште на Русија на Далечниот Исток.

Градот Находка брзо растел. Бројните згради во него датираат од 50-ти години на минатиот век, кога јапонските воени заробеници биле користени како принудна работна снага за изградба на станбени згради за работниците кои работеле на пристаништето. Економијата на градот се засновала на пристаништето и сродните активности, како што се преработка на риба и конзервирање. Во овој период, Находка процветал. Врвот бил во 1970-ти и 1980-ти, кога градот бил добро одржуван, бидејќи тоа било единственото руско пристаниште на Далечниот Исток отворено за странци. Исто така, градот служел како источен терминал за патничкиот дел од Транссибирската железница. мини|лево|600п|Панорама на заливот Со отворањето на Владивосток за странци, за Находка започнало лошо време, бидејќи го изгубила првичното значење. Девалвацијата на руската рубља како резултат на азиска економска криза во 1998 година ѝ зададе уште поголем удар на Находка. Економското закрепнување настанува откако централната влада во Москва и покраинската влада во Владивосток одлучија да ја отворат областа за странски инвестиции, прогласувајќи ја Находка за слободна економска зона. Според пописот на население во 2010 година, во градот живееле 159.719 жители.

Население Според прелиминарните податоци од пописот, од 2010 година, во градот живеело 159.695 житела, 10.869 (7,30%) повеќе од 2002 година.

Партнерски градови Оукланд Пукет

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Градови во Приморскиот крај Категорија:Населени места во Русија