Виолетовиот синец (Polyommatus thersites) е пеперутка од видот на пеперутки синци. Пеперугата живее Евроазија, односно од Јужна Европа до Сибир. Ја има и во Македонија.

Опис Пеперутката е различна по физички изглед кај мажјаците и женките. Горната страна кај мажјакот е сина, со бели рабови и црна бордура. Се забележува и црна дамка. Горната страна кај женките е претежно кафена со жолти примеси, а кај телото се забележува сина нијанса. Покрај рабовите има жолти дамки. Долната страна на крилјата е со црни, бели и жолти дамки со различна големина. Основната боја е кафена, која кај мажјаците е посветла. Ларвите се хранат со растенијата O. arenaria, O. peduncularis, O. sativa и O. viciifolia)

Подвидови Оваа пеперутка има два подвида: P. t. thersites P. t. orientis (Sheljuzhko, 1928)

Галерија

Наводи

Поврзано Пеперутки во Македонија

Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Синци