Играњето игри во Русија е еден од најголемите пазари на видеоигри. Еден од најголемите проблеми на руската индустрија на видеоигрите е кршење на авторските права.

Русија официјално ја признала компетентноста на видеоигрите (исто така познато како киберспорт или компјутерски спорт) како спорт.

Историја Историја на масовното играње игри во Русија (тогаш Советски Сојуз) влече корени од раните 1980-ти кога личните компјутери од моделите Атари 400/800, Комодор 64, ZX Spectrum 48/128 биле донесени во земјата од САД, Европа, Јапан и Кина. Во тоа време, месната компанија Електроника издала серија преносни конзоли за игри што претежно биле клонови на производи Нинтендо. До средината на 1980-тите, советските развивачи и љубители започннале обид да развиваат свои игри. Најпознатиот руски дизајнер на игри во тоа време е Алексеј Пажитнов, кој направил светски мегахит Тетрис.

Аркадни игри Првите советски аркадни играчки машини не содржеле никаква цифрена графика, а интефејсот на играта морал да се емитира со помош на физички предмети.

Играчки прес Во Русија имало многу списанија за видеоигри од раните 90-ти до раните 2000-ти. Нивниот број е значително намален заради масовното ширење на интернетот и последователниот бум на незаконско преземање на содржини. Како последица, повеќето постојни списанија престанале да издаваат поради огромни загуби во трговијата. Во мигов, најпознатото руско списание за видеоигри е Игроманија.

Демографија и популарност Едан од пет Руси вели дека игра видеоигри, според Москва тајмс. Според VTSIOM, а 58 % од Русите сметаат дека видеоигрите се штетни. Видеоигрите го уживаат масовното прифаќање во Русија.

Наводи

Категорија:Видео-игри Категорија:Видеоигри од Русија