Кутлевец — археолошко наоѓалиште во штипското село Долани. Претставува населба од римското време. На околу 100 м јужно од селото, на една мала височинка со зарамнето плато, кое зафаќа 1,5 хектар, се среќаваат делови од керамички садови, тули, тегули и кршен камен. Во нивата на еден жител биле најдени монети од времето на Диоклецијан. Местото е познато уште под името Десетски Гумна.

Поврзано Дива Топола — населба од доцноантичкото време; Ерџелија — населба од доцноантичкото време; Јаребичова Вода — водовод од доцноантичкото време; Кале - Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Кутлевец — населба од римското време; Ќерамидница — населба од доцноантичкото време; Чука — населба и некропола од доцноантичкото време; Долани; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.

Наводи