Градиште — археолошко наоѓалиште во штипското село Криви Дол. Претставува утврдување од доцноантичкото време. Непосредно до селото се издига висок рид, издолжен во правец север-југ, на кој се насетуваат темели од кружно утврдување, со пречник од 50 м. Утврдувањето ѝ припаѓа на малата населба од доцноантичкото време на наоѓалиштето Грамади.

Поврзано Грамади — населба од доцноантичкото време; Долна Бежанија — населба од бронзеното време; Јанчовец — некропола од доцноантичкото време; Криви Дол; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.

Наводи