Градиште — археолошко наоѓалиште во местото Пухче општина Штип.

Претставува населба од доцната антика.

Лежи на 500 м западно од селото, во подножјето на ридот Кала. На површина од 2,5 до 3 хектара, денес ледина, се забележуваат фрагменти од градежни тули, ќерамиди и камен. Во северниот крај на теренот, Трајче Илиевски, вадејќи камен за изградба на црква, наишол на темели од ѕидови широки 0,50-0,70 м од објект со основа од 10 × 8 м.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 439, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069. Поврзано Бавчи — населба од доцна антика; Градиште — населба од доцна антика; Кала — утврдување од доцна антика; Пухче (археолошко наоѓалиште) — некропола од доцна антика; Рамниште — населба од доцна антика; Штип; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Пухче