„Ај што оган гори во планина“ — македонска народна песна. Песната е посветена на македонските партизани кои во песната се борат на една планина против фашистичките окупатори на територијата на Македонија, за време на Втората светска војна. Песната има патриотски и партизански карактер.
Текст Ај што оган гори во планина, ајде во планина, сред корија. Ај што пушки грмат, бомби трештат, ајде цела земја ја потресуваат.
Ајде нека знаат душманите, таму борба водат партизаните, смела борба водат, не се жалат, на фашисти клети не се предаваат.
Ми викна смело партизанка: - Бегајте дома, клети фашисти! Овде е земја Македонија, за вас фашисти црна гробнина.
Надворешни врски Ај што оган гори во планина (текст и музика) на pesna.org
Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни Категорија:Македонски родољубиви песни Категорија:Македонски партизански песни