Градиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Нивичани. Претставува населба од градиште од доцноантичкото време. На северниот раб на селото, на висок рид со доминантна местоположба, на простор од 100 × 70 м се гледаат остатоци од темели на бедем. Во внатрешноста на тврдината има зачувани темели од помали објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Пронајдени се и повеќе монети од III-IV век, од кои една се чува кај жител од Кочани.

Поврзано

Нивичани; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи