мини|Скала C-дур напишана во виолински или G-клуч. На почетокот на линиски систем се наоѓа музички знак што служи за точно именување на нотите. Се нарекува клуч (француски и англиски clef).Властимир Перичић, Вишејезични речник музичких терминаРадивој Лазић - Властимир Перичић, Основи теорије музике Името на клучот и неговото место на линијата во линискиот систем му го дава истото име и на нотата која се наоѓа на таа линија.

Името на клучот зависи од: неговиот облик местото каде е напишан во линискиот систем

Виолински или G-клуч thumb|70п|Виолински или G-клуч. Виолински клуч или G-клуч (, ; , ) се бележи од втората линија и на нотата му го дава името g¹ (сол во првата октава). Се користи за бележење високи тонови.

Од сите клучеви, виолинскиот клуч денес најмногу се употребува. Го користат следните музички инструменти: виолина; флејта, обоа, кларинет, саксофон, хармоника, труба, вибрафон, ксилофон, мандолина, блок-флејта, гитара; десната рака на клавир и харфа; дел од ударни инструменти.

Виолинскиот клуч се користи и за вокалните гласови: сопран, мецосопран, алт, контраалт и тенор. Тенорот звучи за октава пониско од напишаното, а често се пишува со употреба на октав клуч.

70pxПонекогаш над или под клучот го пишува бројот 8 или 8va. Тоа значи дека целата делница треба да се транспонира за октава нагоре - ако бројот е над клучот; за октава надолу - ако бројот е под клучот.Радивој Лазић, Школа за кларинет: Учим кларинет IV

Пишување ноти по G-клуч Виолинскиот клуч служи за бележење ноти во обем од, на пример, е (ми во малата октава) до негде а³ (ла во третата октава) и погоре. Долниот нотен пример прикажува забележени тонови во виолински клуч во опсег од а (ла во малата октава) до c³ (до во третата октава):

Податотека:Music ClefG.svgПодатотека:Music 1a0.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1b0.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1c1.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1d1.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1e1.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1f1.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1g1.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1a1.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1b1.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1c2.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1d2.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1e2.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1f2.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1g2.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1a2.svgПодатотека:Music Staff.svgПодатотека:Music 1b2.svg Податотека:Music 1c3.svg

Кои клучеви се употребуваат денес Денес се користат три видови клучеви. Нивните имиња се: 50px G-клуч или виолински клуч 50px F-клуч или бас-клуч C-клучеви или вокални клучеви (сопран, алт, тенор).

Еве како изгледаат:

а) 50px алтовски клуч.

б) 50px тенорски клуч.

Бележење на иста нота c1 или до во првата октава во трите клуча:70px 70px 70px

Поврзано Бас-клуч Транспозиција (музика) Помошни линии Тоналитет 8va

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Музички поими Категорија:Музичка теорија Категорија:Музичка нотација Категорија:Музички клучеви