Барите – Кочеви Грамади — археолошко наоѓалиште во околината на село Долни Дисан. Претставува храм и некропола од римското време. На 2 км источно од селото, во нивите што некогаш им припаѓале на И. и В. Јанчеви, биле откриени монети на Каракала. Во 1994 година, при подготвувањето на теренот за лозов насад се откриени десетина надгробни споменици и делови од монументален објект.Коцо, Димче, Грозданов, Цветан (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 231, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Барите – Кочеви Грамади — храм и некропола од римското време; Белград — населба, храм и некропола од римското време; Голема Страна — населба од доцноантичкото време; Грамади — населба од хеленистичкото, римското и доцноантичкото време; Двата Гроба — вила рустика и некропола од римското време; Змијавец — палеонтолошко наоѓалиште; Такрагина Чешма — населба доцноантичкото време; Тополичка Чешма — храм и некропола од римското време; Ќофкарец — осамен наод од римското време; Долни Дисан; Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско;

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Неготино Категорија:Долни Дисан