Мировница — археолошко наоѓалиште во кочанското село Горно Гратче. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. На 500 м јужно од маалото Граматаци, на простор од 120 × 80 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Во непосредната близина има некропола од која се гледаат десетина гроба градени од камени плочи со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 175, ISBN 9789989101069
Поврзано
Горно Гратче; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.
Наводи