Дрино (, ) — река во јужна Албанија и Епир, северозападна Грција, притока на Војуша. Извира во северозападниот дел на Јанинскиот округ, близу селото Делвинаки. Најпрвин тече во југозападен правец, а потоа кон северозапад, па ја преминува границата кај Арништа (Ктисмата). Во Албанија продолжува во северозападен правец низ градот Ѓирокастро и се влева во Војуша кај Тепелена.
Во етимолошки поглед, името Дрино е со ист корен како имињата на реките Дрим и Дрина.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Албанија Категорија:Реки во Грција Категорија:Реки во Епир Категорија:Јанина (округ) Категорија:Ѓирокастро (област) Категорија:Пинд Категорија:Меѓународни реки во Европа