Кетрин Елизабет Џонс (родена 1972 година) е британска научничка за биоразновидност, со посебен интерес за лилјаците. Таа е професор по екологија и биоразновидност и директор на истражувачката група за биоразновидност, на Универзитетскиот колеџ во Лондон. Таа била претседател на Трастот за зачувување на лилјаците.
Образование Џонс дипломирала зоологија на Универзитетот во Лидс во 1993 година и докторирала на Универзитетот во Сари во 1998 година.
Истражување Џонс е заинтересирана да разбере како биоразновидност се одржува и се зачувува на глобално ниво. Таа ја освоила наградата „Филип Леверхулм“ во зоологија во 2008 година (се дава на „извонредни млади научници… чии идни придонеси се очекува да бидат високи“) и имала голем број на научни советодавни позиции во национални и меѓународни добротворни организации за зачувување.
Џонс истражувала лилјаци во Трансилванија каде развила нови начини за следење на популацијата на лилјаците преку звук.
Џонс е вклучена во голем број на граѓански научни проекти, вклучувајќи и проект за следење на лилјаци поврзани со телефон. Според Google Scholar и Scopus нејзините најцитирани трудови се објавени во Science и Nature.
Во интервју за Гардијан натема „Зошто повеќе жени треба да размислуваат за кариера во науката“, Џонс изјавила:
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Британски еколози Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1972 година