Свети Никола — главна селска црква во кичевското село Орланци, Македонија.
Црквата е сместена во Предно Маало и околу нејзе се сместени гробиштата за мештаните од тоа маало.
Местоположба
Црквата се наоѓа во Предно Маало на селото Орланци.
Историја
Храмот бил подигнат во 1872 година. Црквата била запалена во 1903 година од страна на Турците, поради што пет години подоцна била обновена, задржувајќи го нејзиниот поранешен изглед.
Црквата всушност е подигната на старите темели на некогашната средновековна црква „Св. Никола“.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Архитектура Иконостас
Иконостасот, кој е пренесен од старата црква, бил изработен во периодот 1882-1885 година.
Галерија
Поврзано Кичевско архијерејско намесништво Прва кичевска парохија Орланци
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Орланци (Кичевско) Орланци