Голем Змеовец — светилиште од римско време во атарот на селото Дрен, Македонија. На 3 километри североисточно од селото, во варовничките карпи се наоѓа пештера која служела како светилиште во античкиот период и подоцна. Во неа се најдени повеќе монети.
Поврзано Браова Нива — населба од доцноантичкото време; Буеви Ниви — населба од неолитското време; Бука — некропола од римското време; Калуѓерска Чука — средновековна црква; Колнеш — рударска населба од доцноантичкото време; Лути Камен — топилница од доцноантичкото време; Оризари — населба и некропола од средниот век; Црквиште — викус од доцноантичкото време; Дрен; и Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко.
Наводи
Категорија:Дрен (Демиркаписко)