Кришна () — најголемо божество во хиндуизмот. Тој се обожува како осмиот аватар на богот Вишну и исто така како врховен Бог сам по себе. Тој е бог на сочувство, нежност, љубов и е еден од најпопуларните и нашироко почитуван меѓу индиските божества. Роденденот на Кришна секоја година го слават хиндусите на Кришна Јанмаштами според месечево-сончевиот хиндуистички календар, кој паѓа кон крајот на август или почетокот на септември од грегоријанскиот календар. Кришна обично е прикажан со кавал во раката.
Анегдотите и наративите од животот на Кришна обично се насловени како Кришна Лела. Тој е централен лик во Махабахарата, Багаватам Пурана и Багавад Гита и се споменува во многу хинду филозофски, теолошки и митолошки текстови. Тие го прикажуваат од различни перспективи: бог-дете, шегобиец, божествен херој и како универзално врховно суштество., Quote: "Krsna's various appearances as a divine hero, alluring god child, cosmic prankster, perfect lover, and universal supreme being (...)". Неговата иконографија ги одразува овие легенди и го прикажува во различни етапи од неговиот живот, како новороденче како јаде путер, младо момче што свири на кавал, младо момче со Рада или опкружено со приврзаници жени или пријателски кочијаш што му дава совет на Арџуна (главниот протагонист во Махабхарата).
Синонимите за Кришна се пронајдени во литература од првиот милениум пред нашата ера. Во некои поттрадиции, Кришна се обожува како Свајам-Багаван, а ова понекогаш се нарекува и кришнаизам. Овие поттрадиции се појавиле во контекст на Бакти движењето од средновековната ера.Ravi Gupta and Kenneth Valpey (2013), The Bhagavata Purana, Columbia University Press, , pages 185–200 Литературата поврзана со Кришна вдахнала бројни изведбени уметности како што се Баратанатијам, Катакали, Кучипуди, Одиси и Манипури танцот.ML Varadpande (1987), History of Indian Theatre, Vol 1, Abhinav, , pages 98–99 Тој е панхиндуистички бог, но е особено почитуван на некои места како што се Вриндавана во Утар Прадеш, Дварка и Јунагад во Гуџарат; аспектот Јаганата во Одиша, Мајапур во Западен Бенгал; во облик на Витоба во Пандарпур, Махараштра, Натдвара во Раџастан; Удупи Кришна во Карнатака, Партасаратија во Тамил Наду и Гурувајоаропан во Гурувајур во Керала. Од 1960-тите години, обожавањето на Кришна се проширило и во западниот свет и во Африка, најмногу заради работата на Меѓународното друштво за свесност за Кришна (ИСКОН).
Имиња и епитети Името „Кришна“ потекнува од санскритскиот збор , што првенствено е придавка што значи „црно“, „темно“, „темносино“ или „сепривлечнo“.* Monier Williams Sanskrit-English Dictionary (2008 revision) Apte Sanskrit-English Dictionary Месечината што опаѓа се нарекува Кришна Пакша, што се однесува на придавката што значи „затемнување“. Името понекогаш се толкува и како „сепривлечен“.
Како име на Вишну, Кришна е наведен како 57-то име во Вишну Сахасранама. Врз основа на неговото име, Кришна често е прикажан во идолите со црна или сина кожа. Кришна е познат и по разни други имиња, епитети и наслови што ги рефлектираат неговите многубројни асоцијации и атрибути. Меѓу најчестите имиња се Мохан „волшебник“; Говинда „главен пастир“,Monier Monier Williams, Go-vinda, Sanskrit English Dictionary and Ettymology, Oxford University Press, p. 336, 3rd column Кеев „шегаџија“ и Гопала „Заштитник на Го' “ што значи „Душа“или „крави“. Некои имиња за Кришна имаат регионално значење; Јаганата, пронајдено во храмот Пури хинду, е популарна инкарнација во државата Одиша и блиските региони на источна Индија.For the historic Jagannath temple in Ranchi, Jharkhand see:
Кришна може да се нарекува и Васудева-Кришна, Мурлидар и Чакрадар. Почесната титула „Шри“ често се користи пред името на Кришна.
Имиња во различни држави
Кришна се обожува како:
Кришна Канхаија: Матура Јаганат: Одиша Витоба: Махараштра Сринат: Раџастан Сринат: Раџастан Ранход: Гуџарат Кришна: Удипи, Карнатака
Историски и литературни извори Традицијата на Кришна се чини дека е спој на неколку независни богови од античка Индија, а најрана за која е потврдено е Васудева. Васудева бил јунак-бог на племето Вришни, припаѓајќи на Вришни хероите, чие обожавање е потврдено од V-VI век пр.н.е. во списите на Панини, и од II век пр.н.е. во епиграфија со столбот Хелиодор. Во еден момент, се смета дека племето Вришни се споило со племето Јадава, кое имало свој јунак-бог кој бил наречен Кришна. Васудева и Кришна се споиле за да станат единствено божество, кое се појавува во Махабахарата, и тие почнале да се идентификуваат со Вишну во Махабхарата и Багавад Гита. Околу IV век н.е., друга традиција, култот на Гопала-Кришна, заштитник на говедата, исто така бил апсорбиран во традицијата на Кришна.
Рани епиграфски извори Опис во кованица (II век пр.н.е.)
Околу 180 г.п.н.е., индо-грчкиот крал Агатокле издал кованица со слики на богови кои сега се толкуваат дека се поврзани со сликите на Ваиснава во Индија.Audouin, Rémy, and Paul Bernard, "Trésor de monnaies indiennes et indo-grecques d'Aï Khanoum (Afghanistan). II. Les monnaies indo-grecques." Revue numismatique6, no.16 (1974), pp.6–41 (in French). Боговите прикажани на монетите се чини дека се Самкарсана - Баларама со атрибути составени од Гада (боздоган) и плуг, и Васудева-Кришна со атрибути на Шанха (конха) и тркалото на Судрашана чакра.Nilakanth Purushottam Joshi, Iconography of Balarāma, Abhinav Publications, 1979, p. 22 Според Бопеарачи, украсот на врвот на капата на божеството била всушност погрешно толкувана како шпицест чадор со полумесечина на врвот (чатра).
Натписи
Столбот Хелиодорус, камен столб со натпис од брамиско писмо е откриен од археолозите на колонијалната ера во Беснагар (Видиша, централна индиска држава Мадја Прадеш). Врз основа на внатрешните докази за натписот, датирано е од 125 до 100 година пр.н.е., а сега познат по Хелиодорус - индо-грк, кој служел како амбасадор на грчкиот крал Антиалкидас кај регионалниот индиски крал Касипутра Багабадра. Натписот на столбот Хелиодорус бил приватна религиозна посветеност на Хелиодор кон „Васудева“, рано божество и друго име на Кришна во индиската традиција. Во него се наведува дека столбот бил конструиран од „Багавата Хелиодорус“ и дека станувало збор за „столб на Гаруда“ (двата термини се поврзани со Вишну-Кришна). Дополнително, натписот вклучува стих од поглавје поврзано со Кришна, 11,7 на Махабхарата во кое се наведува дека на патот кон бесмртноста и небото е да се живее правилно живот на три доблести: самоумереност (damah), великодушност (cagah или tyaga), и претпазливост (apramadah). Наоѓалиштето на столбот Хелиодорус бил целосно ископан од археолозите во 1960-тите години. Напорите ги откриле темелите од тули на многу поголем антички елиптичен храм со светилиште, мандапи и седум дополнителни столба. Натписите на столбот Хелиодорус и храмот се едни од најраните докази за посветеноста на Кришна-Васудева и ваишнавизмот во античка Индија.
Натписот Хелиодорус не е изолиран доказ. Натписите на Хатибада Госунди, сите сместени во државата Раџастан и според модерната методологија датираат на I век пр.н.е., каде се споменуваат Сакарчаша и Васудева, исто така се споменува дека конструкцијата била изградена за нивно богослужба во соработка со врховното божество Нарајана. Овие четири натписи се познати по тоа што се едни од најстарите познати санскритски натписи.
Камената плоча Мора била пронајдена на археолошкиот локалитет Матура-Вриндаван во Утар Прадеш, што денес се чува во музејот Матура, имала Брами натпис. Датира од I век н.е. и ги спомнува петтемина херои од Вришни, инаку познати како Сакарчаша, Васудева, Прадјумна, Анируда и Самба.Page 51: The coins of Rajuvula have been recovered from the Sultanpur District...the Brahmi inscription on the Mora stone slab, now in the Mathura Museum,
Записот за Васудева започнал во II век пр.н.е. со ковани пари Агатокле и столбот Хелиодорус, но името на Кришна се појавувало подоцна во епиграфијата. На археолошкиот локалитет Чилас II датиран од првата половина на I век н.е. во северозападен Пакистан, близу границата со Авганистан, се врежани две машки заедно со многу будистички слики во близина. Поголемиот од двајцата мажи држи плуг и палка во неговите две раце. Уметничкото дело има и натпис со писмо Карости, кој е дешифриран од научниците како Рама-Крсна и се толкува како антички приказ на двајцата браќа Баларама и Кришна.
Првиот познат приказ на животот на Кришна доаѓа релативно доцна со релјеф пронајден во Матура и датира од I-ви до II век н.е. Се чини дека на овој фрагмент се гледа како Васудева, таткото на Кришна, го носи бебето Кришна во корпа преку Јамуна. Релјефот покажува на едниот крај како Нага со седум качулки како преминува река, каде макара крокодил треска наоколу, а на другиот крај едно лице навидум држи корпа над главата.
Книжевни извори Махабхарата Најраниот текст што содржи детални описи на Кришна како личност е епот „Махабахарата“, кој го прикажува Кришна како олицетворение на Вишну. Кришна е централен карактер во многу главни приказни на епот. Осумнаесетте поглавја од шестата книга („Бишма Парва“) од епот што ја сочинуваат „Багавад Гита“ ги содржат советите на Кришна до Арџуна на бојното поле. Харивамса, подоцнежен додаток на „Махабхарата“ содржи детална верзија на детството и младоста на Кришна.Maurice Winternitz (1981), History of Indian Literature, Vol. 1, Delhi, Motilal Banarsidass, , pages 426–431
Други извори
„Чандогија Упанишад“, проценет дека е составен некаде помеѓу VIII-ми и VI-ти со век пр.н.е., бил уште еден извор на шпекулации во врска со Кришна во античка Индија. Стихот (III.xvii.6) го споменува Кришна во Кришна Девакипутраја како ученик на мудрецот Гора од семејството Ангираса. Некои научници Гора го идентификуваат со Немината, дваесет и втората тиртанкара во џаинизмот. Фразата „За Кришна, синот на Деваки“, ја споменувале научници како Макс Мулер,Max Müller, Chandogya Upanishad 3.16–3.17, The Upanishads, PartI, Oxford University Press, pages 50–53 with footnotes како потенцијален извор на басни и ведски фолклор за Кришна во „Махабхарата“ и друга античка литература – но само како потенцијален, бидејќи овој стих може да биде интерполиран во текстот, или Кришна Девакипутра, може да се разликува од божеството Кришна.Edwin Bryant and Maria Ekstrand (2004), The Hare Krishna Movement, Columbia University Press, , pages 33–34 with note 3 Овие сомнежи се поткрепени со фактот дека многу подоцнежната возраст Сандилја Бакити Сутрас, трактат за Кришна,Sandilya Bhakti Sutra SS Rishi (Translator), Sree Gaudia Math (Madras) цитира компилации од подоцнежна возраст, како што е Нарајана Упанишад, но никогаш не го цитира овој стих од Чандогија Упанишад. Други научници не се согласуваат дека Кришна споменат заедно со Деваки во античкиот Упанишад е неповрзан со подоцнежниот хиндуистички бог на славата од „Багавад Гита“. На пример, Арчер изјавил дека не можело лесно да се отфрли совпаѓањето на двете имиња што се појавуваат заедно во истиот стих на Упанишад.WG Archer (2004), The Loves of Krishna in Indian Painting and Poetry, Dover, , page 5
„Нирукта“ на Јаска, етимолошки речник објавен околу VI век пр.н.е., содржи референца на скапоцениот камен Шјамантака во посед на Акрура, мотив од познатата приказна Пураниќ за Кришна. Шатапата Брахмана и Аитареја-Аранјака го поврзуваат Кришна со неговото потекло од Вришни.Sunil Kumar Bhattacharya Krishna-cult in Indian Art. 1996 M. D. Publications Pvt. Ltd. p.128: Satha-patha-brahmana and Aitareya-Aranyaka with reference to first chapter.
Во Ашахијај, чиј автор е античкот граматичар Панини (веројатно припаѓал на V или VI век пр.н.е.), Васудева и Арјуна, како приматели на богослужба, се споменуваат заедно во иста сутра. Pâṇ. IV. 3. 98, Vâsudevârjunâbhyâm vun. See Bhandarkar, Vaishnavism and Śaivism, p.3 and J.R.A.S. 1910, p.168. Sûtra95, just above, appears to point to bhakti, faith or devotion, felt for this Vâsudeva.Sunil Kumar Bhattacharya Krishna-cult in Indian Art. 1996 M. D. Publications Pvt. Ltd. p.1