Оскемен (казашки: Өскемен, Óskemen) или Уст-Каменогорск (руски: Усть-Каменого́рск) е административен центар на Источноказахстанска Област. Во близина на градот се наоѓа аеродромот Оскемен.

Етимологија Градот има две официјални имиња. На казашки јазик, неговото име е Өскемен/ Óskemen, а на руски јазик е познато како Усть-Каменого́рск. Двете имиња се појавуваат на грбот на градот.

Историја лево|мини|Црква во Оскемен Градот е основан во 1720 година на сливот на реките Иртиш и Улба како тврдина и трговско место со име Уст-Каменаја. Основано е по наредбата на рускиот император Петар Велики, кој испратил воена експедиција предводена од мајор Иван Василиевич Лихарев во потрага по златото на Јаркенда. Експедицијата на Лихарев се насочила по реката Иртиш до езерото Зајсан. Таму, на сливот на реките Улба и Иртиш, била поставена новата тврдина - тврдината Уст-Каменаја. Во 1868 година градот станува главен град на Семипалатинска област. Тоа беше местото на 30-годишното прогонство на Георги Маленков, за време на кое тој управуваше со локалната хидроцентрала.

Едно од главните индустриски претпријатија, Металски Завод Улба кое произведуваше и сè уште произведува производи од ураниум, се чуваше во тајност и покрај тоа што вработуваше илјадници работници. Експлозија на производствената линија на берилиум во 1990 година доведе до дифузија на „облак“ што содржеше многу токсичен берилиум, над градот. Здравствените ефекти на овој инцидент не се целосно познати, делумно затоа што инцидентот го чувале во тајност советските власти.

Географија Оскемен се наоѓа во источниот дел на Казахстан, на сливот на реката Улба во реката Иртиш, на околу 280 километри западно од планината Белуха, највисоката точка на Алтајските Планини и 947 километри од главниот град Нур-Султан.

Клима Климата на градот е континентална. Студената сезона за Оскемен вклучува пет месеци: од ноември до март. Рекордна минимална температура на воздухот во јануари е -49º, во јули + 4º. Рекорден максимум - + 8º во јануари и + 43º во јули

Население На почетокот на 2020 година, населението на градот изнесувало 333 113 жители, додека на метро областа на градот Оскемен живееле 346 127 лица. ГодинаНаселение18978 7211959150 3711970230 3401979274 2871989324 4781991332 9001999310 9502004294 5072008286 7092012309 5342016321 2022020333 113

Етнички состав Етничкиот состав на жителите на Оскемен (на почетокот на 2020 година): НародВкупноУдел (%)Руси176 60651.02Казаци158 05745.66Германци2 557 0.74Татари2 539 0.73Украинци1 399 0.40Азери881 0.25Чеченци612 0.18Корејци601 0.17други2 8750.83вкупно346 127100.00

Религија мини|Џамија во Оскемен Постојат 32 верски заедници, кои презентираат 15 верски признанија, вклучувајќи христијанска, муслиманска и нетрадиционална религија. Во градот има 21 верски објект: меѓу нив православни христијански цркви и џамии. Во 2017 година судот ја казни и забрани протестантската црква на Нов живот на Оскемен за пеење верски песни на летен камп.

Економија Градот се развил во голем рударски и металуршки центар за време на Советскиот период. Обработката на обоени метали, особено ураниум, берилиум, тантал, бакар, олово, сребро и цинк останува важна. Градот е центар на градежната индустрија. Поствоената индустриска историја на градот е многу тесно испреплетена со проектот за советската јадрена бомба, и затоа градот беше затворен за надворешни лица.

Бројот на претпријатија во Оскемен е многу висок во однос на бројот на луѓе што живеат таму. Според податоците од 2002 година има околу 169 фирми. Повеќето од нив се индустриски фирми, кои работат во рударство и преработка на суровини, претежно тешки метали.

Транспорт лево|мини|Нов мост во Оскемен Градот има меѓународен аеродром, аеродромот Оскемен.

Трамвајскиот систем на Оскемен има 4 линии.

Меѓуградски автобуски превоз е достапен на две автобуски станици. Најобемната мрежа, со повеќе од 35 линии, е на железничката станица, која се наоѓа покрај Спортската палата на улицата Новошколнаја. Од оваа станица, автобусите не служат само за градовите во Казахстан, туку и за руските градови како што е Краснојарск. Рутната мрежа на втората станица зафаќа помала површина со 17 линии.

Поврзано

Казахстан Градови во Казахстан Источноказахстанска Област

Наводи

Категорија:Градови во Казахстан Категорија:Населени места основани во 1720 година Категорија:Населени места во Источноказахстанската Област