Сексот и градот () — популарна американска телевизиска серија создадена од Дарен Стар. Премиерно е емитувана на HBO од 1998 до 2004, во тотала од шест сезони.
Сместена во Њујорк, серијата се фокусира на четири женски ликови. Сметана е за ситком, но има серијализирани приказни како во сапуница, како и драматични елементи.
Серијата е главно снимана во Њуjорк, во Силверкап студијата, но и во и околу Менхетен.
Кај нас, серијата премиерно беше прикажана на Македонска радио-телевизија, но беа прикажани и репризи на Алфа телевизија.
За серијата десно|мини|150п|Македонско издание на книгата Серијата е делумно заснована на истоимената книга од Кендас Бушнел, која е компилација од нејзината колумна во New York Observer. Бушнел изјавила во неколку интервјуа дека Кери Бредшо е нејзиното алтер его; кога за првпат ги пишувала „Сексот и градот“ есеите, ги користела своите иницијали, а подоцна го создала ликот Кери Бредшо, жена од иста кариера (писател) и со исти иницијали.Bushnell Speaks on Sex, City, and Shoes , Stanford Daily Online, 1 март, 2005 Фокусот на серијата се Кери и нејзините три најдобри пријателки, кои меѓусебно разговараат за своите сексуални доживувања и фантазии, како и за своите верувања и мислења. Често, нивните разговори беа искрени дискусии за романса и сексуалност, особено во контекстот да се биде сама жена. Првата сезона е адаптација на книгата, што не е случај со останатите сезони. Во секоја епизода од првата сезона има кратки интервјуа кои се претпоставува дека и служеле на Кери во нејзиното истражување. И во втората сезона овие интервјуа се присутни, пред конечно да се укинат. Исто така е укинато т.н. „fourth wall“ (кога Кери гледа директно во камерата и и се обраќа на публиката. Последен пат е ова видено во третата епизода од втората сезона, „The Freak Show“.
Критики и публика Сексот и Градот премиерно беше прикажана на HBO, на 6 јуни 1998, и беше една од највисоко ранкираните ситкоми за сезоната. Крајот на серијата, емитуван на 22 февруари 2004 беше еден од најгледаните краеви, веднаш по M*A*S*H, Married...with Children, Cheers, Сајнфелд, Луд по тебе, Фрејзер, Пријатели, Сите го сакаат Рејмонд и Вил и Грејс.
Позитивни критики Серијата стана позната по своите слободни дијалози за жените и сексот. Обожавателите на серијата велат дека Сексот и Градот е реалистичен портрет на сексуалното однесување и животниот стил на многу урбани Американци. Авторот Орсон Скот Кард вели дека иако грубоста на серијата го оставила нем, била една од најдобро напишаните серии на телевизија.
Негативни критики Ликовите биле критикувани како површни, плитки и самобендисани. Во натпис од магазинот FHM, Кери Бредшо беше вброена во една од најиритантните ликови на телевизиската историја. Вели: „Да си претпоставиме дека станала феминистичка икона. Дали тоа значи дека сите жени треба да сакаат да станат материјалисти и уништувачи на домови?“ Сексот и Градот исто така била критикувана и поради тоа што е фокусирана само на богати и бели ликови, игнорирајќи ги црните и сиромашните. Ликовите биле наречени елитисти. Исто така, нечии мислења биле дека жените изгледале плитки затоа што зборувале само за секс.
Филм Главна статија: Сексот и градот (филм)
Филм верзијата на серијата требаше да почне со продукција на крајот на 2004, кога серијата заврши. Меѓутоа, договорот за филмот пропадна, што, како што било изјавено, се должи на несогласувања помеѓу Сара Џесика Паркер и Ким Катрал. Ким Катрал одбила да потпише договор за помала сума од на Паркер.Cattrall Quits Sex and the City ,FemaleFirst, December 13, 2004 Статии во весниците во ноември 2006 изјавија дека проблемот бил решен и дека филмот ќе биде направен. Во моментот се вршеле преговори со продуцентот Мајкл Патрик Кинг и со главните ѕвезди. Филмот е во пред-продукциски план. ."Sex and the City" Movie in Pre-Production Stages , Extra TV, February 15, 2007 Сценариото за филмот е при крај и снимањето во Њујорк би можело да почне подоцна оваа година."Sex and the City" Film Starting This Year?, Hollywood.com, February 23, 2007"Sex and the City" script in writing process, ChinaDaily, February 27, 2007 Мајкл Патрик Кинг е избран за режисер на филмот. Продукцијата е закажана да почне отприлика на есен 2007 година.King Directing "Sex and the City" Movie , ComingSoon.net, May 23, 2007 По неколку години гласини, Сара Џесика Паркер конечно ја потврди веста дека филмот веројатно ќе биде направен.Parker confirms "Sex and the City" rumors , The New Zealand Herald, June 8, 2007Sarah Jessica Parker Confirms "Sex and the City" Movie in the Works, Hollywood.com, June 7, 2007
DVD издание Сите шест сезони се издадени на DVD.
Надворешни врски Home of HBO's Sex and the City TBS.com Sex and the City WGNTV.com Sex and the City
Белешки
Категорија:Сексот и градот Категорија:Телевизиски серии со почеток во 1998 година Категорија:Романтични комедии