Градиште II — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Нерав. Претставува градиште од доцноантичкото време. Крај патот што води за Трговиште, над клисурата на Неравска Река, на зарамнет врв во непосредната близина на наоѓалиштето Селиште, се гледаат остатоци од ѕидови на утврдување, делови од керамички садови, питоси и градежен материјал.
Поврзано Градиште - Чука - градиште од доцноантичкото време; Градиште I - градиште од доцноантичкото време; Грамади - населба од римското време; Кошари - населба од доцноантичкото време; Селиште - градиште од доцноантичкото време; Нерав; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко.
Наводи