Градиште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Мала Црцорија. Претставува градиште од доцна антика. На висок рид над селото се наоѓаат урнатини од градиште што зафаќа простор од 30 × 40 м. По површината на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 196, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — градиште од доцната антика; Селиште — населба и некропола од доцната антика; Црквиште — населба од доцната антика; Мала Црцорија; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи