Цепен Камен — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Костур.

Претставува топилница од среден век.

На 1 км јужно од маалото Варошани, на местото каде реката Тораница се влева во Крива Река се зачувани многу остатоци од топена железна руда, како и урнатини од 2 печки. При ископувањето, покрај двете топилници се откриени голем број на железни предмети.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 195, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Купишта — топилница од средниот век; Рањева Нива — топилница од средниот век; Цепен Камен — топилница од средниот век; Костур; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи