„А бре воденичаре“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор веројатно и стотици години пред повоениот период. Песната има двосмислен карактер, на страна од воочливите метафорички искази, во која што млада жена го моли насловниот воденичар да и го сомеле житото во неговата воденица. Воденичарот се колеба, дали затоа што не може да и помогне на жената, велејќи „воденицата вода ми нема“, или пак сака да изнуди нешто повеќе од неа. Од друга страна, можеби е жената таа која притаено се нуди, ветувајќи му се во замена за мелење на житото. Песната има јасен љубовен карактер.
Одлики Аранжманот на сите изведувачи е во карактеристичен 9/8 такт, испеана е од многу различни артисти, од кои најпопуларни се соло изведбите на Петранка Костадинована YouTube и Голубинка Јакимовска, додека забележливи се двата дуети на Александар Сариевски со Петранка Костадинова, и со Васка Илиевана YouTube. Понови изведувачи се Анета Мицевска и Сузана Гавазова.
Текст - А бре воденичаре, баш пријателе, море мојте очи твои нека бидат, сомели ми житото.
- Воденицата вода ми нема, не ти мелам житото.
- Ајде воденичаре, баш пријателе, море мојте солзи вода нека бидат, сомели ми житото.
- Воденицата камен ми нема, не ти мелам житото.
- Ајде воденичаре, баш пријателе, море мојто лице твое нека биде, сомели ми житото.
- Воденицата вода ми нема, не ти мелам житото.
- Ајде воденичаре, баш пријателе, море мојта снага твоја нека биде, сомели ми житото.
- Воденицата вода ми има, ќе ти мелам житото.
Наводи
Надворешни врски А бре воденичаре (текст и музика) на pesna.org
Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни