Батиновац – едно од шеснаесетте Плитвички Езера. Се наоѓа во групата на Горни Езера и зафаќа површина од 0,015 км². Надморската висина му е 610 м, а најголемата длабочина 5 метра. Долго е 140 м, а неговата најголема ширина изнесува 80 м.MVEP • Plitvička jezera.
Опис Езерото е опкруженосо високи букови стебла, а вешто спроведениот пат води покрај низа помали слапови на кои е видливо создавањето на туф и туфотворни маховини и растенија..Gornja jezera :: znanje.org
Батиновац се снабдува со вода од Округљак кое се наоѓа над него, како и од Прошќанското Езеро преку стариот канал кој го создале луѓето. Дел од неговата вода истекува преку слап во езерото Галовац, а дел се прелива во помалите езера кои се наоѓаат северно од него.
Добропроодните патеки оттука ги водат посетителите кон помалите езера обраснати со трска, како и безбројни мали слапови.
Името Батиновац или Бакиновац го добило по некој селанец Батиниќ или некоја баба (хрв. бака) кои се удавиле во него.Inet.hr :: Plitvice jezera i slapovi
Поврзано Плитвички Езера Округљак Галовац
Наводи
Надворешни врски Gornja jezera - Dr. sc. Srećko Božičević
Категорија:Езера во Хрватска Категорија:Плитвички Езера