Кошница со јаболка – слика мртва природа масло на платно од францускиот сликар Пол Сезан. Мртвата природа прикажува маса на која се наоѓаат кошница со јаболка, шише вино и колачи во чинија.
Делото е познато по својата неповрзана перспектива и е опишано како урамнотежен систем заради своите неурамнотежени делови Meyer Schapiro, Cezanne, New York: Harry N. Abrams, Inc, 96. str., . (навалено шише и кошница со јаболка, скратена линија на колачите во чинијата како и линијата на чаршафот на масата). Исто така, десната страна на масата не е во иста рамнина со левата како сликата истовремено да рефлектира две гледишта.
Уметничка дела како ова помогнале во создавање мост меѓу импресионизмот и кубизмот.
„Кошницата со јаболка“ денес се наоѓа во Уметничкиот институт Чикаго.
Наводи
Категорија:Слики од Пол Сезан