Селиште — археолошко наоѓалиште во кочанската населба Оризари.

Претставува населба од железно време и римско време.

Лежи јужно од селото, над Долно маало, на мала височинка што се спушта кон север. Северозападно од неа тече Оризарска Река, а на околу 100 м западно е наоѓалиштето Куново -Чуки. Уште во првата половина на педесеттите години оттука е вадена земја што овозможило да се констатира културен слој дебел 1 м и во него да се забележат фрагменти од керамички садови карактеристични за железното време II, како и за III i IV век. Оттука потекнува и една бронзена држалка во облик на делфин, што се чува во Заводот и музеј во Штип.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 180, ISBN 9789989101069

Поврзано Бела Црква — доцносредновековна црква; Затселиште — населба од железното и римското време; Јаловец — старохристијанска црква; Куново - Чуки — некропола — тумули од железното и доцноантичкото време; Куново — населба од римското време; Селиште — населба од железното и римското време; Сланец — населба од доцноантичкото време; Соколовско Маало — населба од доцноантичкото време; Топлак — населба од неолитското време; Цигански Рид — населба од неолитското, железното и римското време; Црна Црква — средновековна црква со некропола; Оризари; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско; Список на средновековни некрополи во Македонија;

Наводи

Категорија:Оризари (Кочанско)