мини|Фотографија од Розалин Сусман Јалоу Розалин Сусман Јалоу (19 јули 1921 – 30 мај 2011) била американски медицински физичар, и добитник на Нобеловата награда во физиологија или медицина (заедно со Роџер Гилмин и Ендру Шали) за развивање на техниката за радиоимуноистражување. Таа е втората жена која ја добила Нобеловата награда во физиологија или медицина.

Научна Кариера Во 1977, Јалоу станала шестата жена (седма ако се сметаат двете Нобелови награди на Марија Кири), која ја освоила Нобеловата награда во полето на науката. Таа е исто така и втората жена во светот што ја добила Нобеловата награда во полето на физиологијата или медицината. Таа ја добила наградата заедно со Роцер Гилмин и Ендру Шали, за откривањето на техниката за радиоимуноистражување. Мерејќи ја концентрацијата на одредена субстанција во човековото тело, овозможиле скрининг на крводарителите за заболувања како што се хепатит.

Наводи

Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Американски нобеловци Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Носители на Националниот научен медал Категорија:Починати во 2011 година Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина Категорија:Родени во 1921 година