Епса Урумова (р. во ) — македонска докторка, специјалист по патолошка анатомија и универзитетски професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Животопис

Таа е родена на 14 октомври 1922 година во Велес. Студирала медицина во Белград и во Софија, каде што и дипломирала (1948). Хабилитирала со трудот за Pneumocystis Carinii.

Се усовршувала во Загреб, Диселдорф, Келн и Базел, а за судска медицина во центрите во Љубљана, Загреб и Белград. Изведувала настава по патологија на новоформираниот Медицински факултет во Ниш. Била директор на Институтот за патолошка анатомија и шеф на Катедрата (1972–1981). Вовела експериментална патологија на очното јаболко, примена на диференцијални боења за специфични ткива во светлосната микроскопија и клиничко-патолошките научни конфронтации. Публикувала над 100 труда. Била претседател на Друштвото на патолозите на Југославија и го организирала 4. конгрес на патолозите на Југославија (1983).

Наводи

Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски патолози Категорија:Македонски универзитетски професори