Основно училиште „Исмаил Ќемали“ (во минатото: Основно училиште „Рајко Жинзифов“; официјално: Основно општинско училиште „Исмаил Ќемали“ - Чаир; скратено: ООУ „Исмаил Ќемали“) — централно основно училиште во скопската населба Чаир, Општина Чаир.

Денес, училиштето е именувано по албанскиот политичар и дипломат Исмаил Ќемали, додека во минатото било именувано по истакнатиот македонски преродбеник Рајко Жинзифов.

Именување

Во 2012 година, Општина Чаир донела одлука за преименување на четири основни училишта, меѓу кои и училиштето „Рајко Жинзифов“ во „Исмаил Ќемали“, но Управниот инспекторат се противел на одлуката поради непочитување на Бадентеровото мнозинство при носењето на одлуката во советот на општината. Сепак, во 2021 година, Министерството за образование и наука ги прифатило преименувањата. На 5 мај 2021 година, Уставниот суд не повел постапка за оценување на уставноста и законитоста на донесената одлука од 2012 година.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Чаир Категорија:Чаир Чаир Категорија:Основни училишта во Македонија